КОНТРОЛ СИСТЕМ е компанија чија специјалност се технолошки решенија и услуги за индустриски апликации.
Наша стратегија е да промовираме интегрирани технолошки решенија со највисока технологија и перформанси на продукти од најголемите светски производители како што се:
- Инвертори, PLC – контролери и серво мотори – HITACHI
- Мерна опрема и термичка фото анализа - FLUKE
- Системи за инфрацрвено мерење на влага – NDC
- Радио модеми за безжичен пренос на податоци – SATEL
- Портабл калибратори – BEAMEX
- Индустриски и информатички софтвер – WONDERWARE INVENSYS
- Инфрацрвени сензори – RAYTEK
- Мерачи на притисок и ниво на флуиди и гранули – VEGA
- Радио уреди за далечинска контрола на кранови – CATTRON THEIMEG
- Контролери – ASCON
- Бројачи, енкодери – HENGSТLER
- Претворувачи на сигнали – M-SYSTEM
- Соларни системи - SUNPOWER, CONERGY
КОНТРОЛ СИСТЕМ овозможува зголемена ефикасност на услугите, и помош на корисниците при избор на оптимално решение за потребите на нивниот бизнис. Компанијата располага со високо обучен и специјализиран кадар. Следејќи ги модерните процеси при селекција и евалуација на нашиот персонал, како и континуираните обуки во нови технологии од страна на нашите интернационални соработници, продолжуваме со подигнување на нашите стандарди за човечки ресурси и сигурни сме во обезбедувањето на одлична поддршка за нашите корисници и успехот на нашите понудени решенија и услуги.
КОНТРОЛ СИСТЕМ нуди специјализирани и прилагодливи решенија за сите индустриски сектори, како што се прехрана и пијалоци, фармација, енергетика, петрохемија и металургија, текстилна индустрија, тутунска индустрија, итн, имајќи можност да дизајнира и развие адаптибилни системи и решенија, прилагодени на барањата и потребите на секоја апликација.